Маурисио Покетино седна на клупата на Пари Сент Жермен и веќе прави планови како да го засили тимот за следната сезона.
Она за што се погласно се шпекулира е дека ПСЖ полека станува фаворит за потписот на Лионел Меси, кој на крајот на сезоната ќе биде слободен агент и најверојатно ќе ја напушти Барселона.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Планот на Покетино е покрај Меси да го донесе и неговиот голем пријател и сонародник, Серхио Агуеро.
Шпанските медиуми пишуваат дека Меси би морал да се согласи на помала плата, за ПСЖ да остане во границите на Финансискиот фер-плеј, а условот би бил да го ангажираат Агуеро, кој има договор со Манчестер Сити до лето.
ПСЖ има план да ги спои Меси, Агуеро, Нејмар и Мбапе со што ќе има напад од соништата.