Репрезентацијата на Македонија ќе биде една од првите репрезентации која ќе го почувствува новиот стадион на Стеауа Букурешт.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нашата репрезентација за ЕП 2021 ќе се подготвува на супермодерниот стадион кој е при крај со изградбата и се очекува да биде пуштен во употреба во април.
Ваквата информација за романските медиуми ја откри легендарниот фудбалер Георге Попеску кој е и кординатор за Евро 2021.

„Македонија потпиша договор и ќе го користи новиот стадион на Стеуа“, изјави Попеску за „Телеком Спорт“:
Навистина станува збор за фантастичен стадион, а неговата изградба Романците ги чинеше скоро 100 милиони евра. Ќе потсетиме, Македонија два натпревари ќе игра во Букурешт (Австрија и Украина), за третиот ќе патуваме во Амстердам каде што противник ќе ни биде Холандија.
