Поранешниот германски репрезентативец, Месут Озил изгледа ќе се врати во Турција.
Арсенал сакаше да се раздели со Озил уште пред летото и истекот на неговиот договор, па искусниот играч за врса пронајде нов клуб. Озил се договори со Фенербахче и со овој клуб ќе потпише договор на три ипол години.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
МЛС тимовите и Фенербахче беа најголеми фаворити за доведување на Озил, но желбата на играчот беше да се пресели во Истанбул.
Озил вчера на друштвените мрежи објави и фотографија, па така го најави овој трансфер.
Фенербахче не ја започна баш најдобро сезоната и беше за очекување да има промени, а доаѓањето на Озил може да биде вистински потег.
This city … 🙌🏼🇹🇷 #throwback #Istanbul pic.twitter.com/6gani0scjL
— Mesut Özil (@MesutOzil1088) January 5, 2021