Како што е познато Македонија е прва резерва на Светското првенство во Египет и тоа на крајот би можело да ни донесе место на СП поради последните случувања.
Имено, на седум дена пред почетокот на шампионатот ракометарот на Шведска Антон Линдског бил позитивен на коронавирус. Целата репрезентација на Шведска е во карантин и денешниот натпревар кој требаше да го играат со Црна Гора е одложен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Причината поради која цела репрезентација на Шведска морала да оди во карантин е што Линдског тренирал нормално со своите соиграчи и тој беше планиран да игра со Црна Гора, мечот кој сега е одложен. Одложен е и реваншот со Црна Гора кој беше закажан за во сабота.
По ова секако ќе бидат тестирани сите останати ракометари и членови на репрезентацијата и во наредните денови ситуација ќе биде појасно. Ако се појават голем број заразени во Шведска можеби и ќе се отвори можност за Македонија. Турнирот во Египет започнува на 13. Јануари.