Дома Фудбал Јувентус го одложи патувањето за Милано

Јувентус го одложи патувањето за Милано

Јувентус го одложи патувањето во Милано, каде утре во 20:45 ќе го игра големото дерби со Милан на „Сан Сиро“.

Целиот тим на Бјанконерите заедно со стручниот штаб ќе мора повторно да се тестираат за Ковид-19 во пресрет на дербито. Поради тоа тимот наместо вечерва, утре ќе патува во Милано.

Ова е одлуката на управата на „старата дама“ откако беше потврдено дека покрај Алекс Сандро заразен со коронаворус е и Квадрадо.

Доколку утре има нови позитивни случаи Јувентус може да се одлучи да побара одложување на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Двоен удар за Баерн: Келн однесе бод, Кејн и Олизе се повредија

Баерн одигра 1:1 со Келн во Минхен, но поголема грижа се принудните замени на Хари Кејн и …