Дома Фудбал Англија Официјално: Дарен Флечер се врати во Манчестер Јунајтед

Официјално: Дарен Флечер се врати во Манчестер Јунајтед

Tимот на Манчестер Јунајтед потврди дека легендата на клубот Дарен Флечер ќе биде дел од стручниот штаб на Манчестер Јунајтед.

Флечер 20 години беше дел од Манчестер Јунајтед и потекнува од академијата на овој клуб. Во периодот од 2003 до 2015 година тој собра 340 настапи за првиот тим.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Манчестер Јунајтед со задоволство соопштува дека Дарен Флечер ќе биде дел од стручниот штаб на првиот тим“, стои во соопштението од „црвените ѓаволи“.

Треба да се спомене дека Флечер од октомври е во Манчестер и беше тренер на тимот од 16 години, а сега доби унапредување. Како играч со Јунајтед тој пет пати ја освои Премиер лигата, еднаш ФА Купот, два пати Лига Купот, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство.

„Навистина сум среќен што се враќам во клубот како еден од тренерите на првиот тим. Ова возбудлив период за овој млад тим и гледам напред во следните чекори“, изјави Флечер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фаворитите рутински, Арсенал го доби ПСЖ, Милан падна во Левекузен

Исклучително возбудлива и ефикасна ноќ во Лигата на шампиони каде стрелците беа расположен…