Дома Фудбал Клоп: Овој преоден рок е многу комплициран

Клоп: Овој преоден рок е многу комплициран

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп призна дека не е сигурен дали тимот ќе се засилува во зимскиот преоден рок.

Како што е познато, Вирџил ван Дајк и Џо Гомес се надвор од терените подолго време поради повреда, а моментално повреден е и Матип.

Поради тоа сите очекуваат Ливерпул да доведе нов дефанзивец во зимскиот преоден рок.

„Имаме можност да ги решиме проблемите, со оглед на сегашниот состав, не знам дали ќе донесеме некој во јануари. Овој преоден рок е многу комплициран. Малкумина имаат пари. Да донесеме некој само колку да купиме е бесмислено. Мора да направиме вистински избор“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус без осуммина против Наполи, Ехатор повторно на располагање

Лучано Спалети го врати Џеф Ехатор меѓу 21 повикан играч за дуелот со Наполи. Напаѓачот сè…