Португалскиот бек Диого Далот ова лето пристигна во Милан на позајмица од Манчестер Јунајтед.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Далот оваа сезона не игра редовно, но покажа дека има квалитет, па Милан сака да го задржи во своите редови.
Меѓутоа, денес италијанските медиуми пласираа лоши информации за фановите на Милан. Имено, Манчестер Јунајтед на крајот на сезоната сака да си го врати Далот и нема намера да му го продаде на Милан.
„Росонерите“ во договорот немаат опција за откуп на крајот на сезоната, но се надеваат дека ќе постигнат договор со „црвените ѓаволи“ за перманентен трансфер.
Самиот фудбалер преферира да остане на „Сан Сиро“, па тоа ќе биде адут за Милан во преговорите.