Дома Фудбал Англија Почина човекот кој ја испеа химната на Ливерпул

Почина човекот кој ја испеа химната на Ливерпул

Гери Марсден, човекот која ја испеа епската „You’ll never walk alone“, химната на Ливерпул почина вчера на 78 годишна возраст.

Веста за неговата смрт ја соопшти и Ливерпул.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


„Со голема тага ја примаме веста за смртта на Гери Марсен. Зборовите на Гери секогаш ќе останат врежани во нашите сеќавања. Никогаш нема да чекори сам“, објави Ливерпул.

Марсден е роден во Ливерпул, а беше фронтмен на групата „Garry And The Pacemakers“ која во раните 1960-ти ја обработи „Никогаш нема да чекориш сам“ која во 1945 година ја напишаа Роџерс и Хамрштеин за еден мјузикл.

„You’ll never walk alone“ химна на Ливерпул стана во 1963 година, а подоцна ја прифатија и навивачите на останатите клубови како Селтик, Фејенорд, Борусија…Таа се пушта и на нивните натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Арсенал нема да запре по потписот на Ѓокереш – познато кој ќе му „мести“ голови

Во финишот на јули оваа трансфер сезона, најавено е доаѓањето на Виктор Ѓокереш во Арсенал…