Рене Рамос, братот и агентот на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос имаше интересна објава на неговиот Твитер профил.
Ако претходно само се шпекулираше дека Рамос можеби нема да го продолжи договорот со Реал сега има и такви најави и тоа од страната на капитенот на „кралевите“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Некој ќе мора да објасни како и зошто дојдовме до оваа ситуација, капитенот и легендата на клубот да биде на оваа апсурдна листа играчи кои од денес можат слободно да преговараат и да се договрат со било кој клуб“, порача братот на Рамос.
Очигледно преговорите помеѓу Реал и Рамос не одат во добра насока и ова е првпат некоја од двете страни тоа јавно да го открие.