Дома Трансфер зона Раиола го уценува Милан со договорот на Донарума?

Раиола го уценува Милан со договорот на Донарума?

На голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума му е понуден нов договор, пишува италијанскиот „Кориере дела Сера“.

Договорот на Донарума со Милан му истекува на лето 2021 година, а Милан му понудил нов повеќегодишен со плата од седум милиони евра. Сепак, наводно во целата приказна сега се вклучил Мино Раиола кој побарал од Милан поголема плата за Донарума.


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Младиот голман во медиумите се поврзува со Јувентус и Интер, па италијанците тврдат дека Раиола тоа го користи за на еден начин да го уцени Милан да му даде поголема плата.

Милан во овој момент е лидер во Серија А, а Донарума од 13 натпревари на четири успеа да ја зачува чиста својата мрежа. Вкупно во сите натпреварување Донарума сезонава бранеше на 20 натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Хумелс го избра новиот клуб и ги изненади сите

Легендарниот германски дефанзивец нема да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд и ќе …