Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез верува дека Ромелу Лукаку има квалитети какви што други напаѓачи во Европа немаат.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Белгиецот во дресот на Интер постигна 40 голови на 51 натпревар во 2020 година, а неодамна изјави дека самиот себе се смета за еден од најдобрите пет напаѓачи во светот.
Судејќи според последната изјава слично мислење има и селекторот на Белгија.
„Лукаку ми е слаба точка бидејќи го тренирав во Евертон и првите 24 натпревари ги играше под моја команда. Кога во прашање се неговите изјави, знаете како е тоа во медиумите – можете да кажете точна работа во 99 од 100 изјави, но таа една ќе се памети повеќе од останатите. Лукаку напредува одлично. Не гледам друг напаѓач во Европа кој е способен да ги прави работите што тој ги прави со топка, но и без неа“, изјави Мартинез.