Дома Македонски спорт Мак фудбал „Пандевци“ го промовираа Васоски: Добредојде Тетовче!

„Пандевци“ го промовираа Васоски: Добредојде Тетовче!

Александар Васоски во следната година ипол ќе биде тренер на Академија Пандев.

Васоски поради кризата го напушти Вардар, иако имаше  неколку понуди од странство се реши да ја прифати понудата од Струмица, a „Пандевци“ денес и официјално го промовираа.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Александар Васоски од денес е нов тренер на Академија Пандев. Денеска новиот шеф на стручниот штаб се запозна со условите кои клубот ги нуди и беа финализирани наредните чекори кои ќе се преземат за клубот да се подигне на уште повисоко ниво. Заедно со Васоски, доаѓаат и Раденко Бојовиќ како прв асистент и Тони Богдановски како кондиционен тренер… Огромна чест и задоволство ни е што едно од нашите најголеми фудбалски имиња, а воедно и еден од најдобрите македонски тренери ја прифати нашата понуда и се пронајде во визијата која клубот ја негува, а тоа е создавање на млади фудбалери кои подоцна ќе настапуваат во екипи од врвните европски лиги.

Добредојде Тетовче во нашата фамилија и заедно да се радуваме на многу победи!“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија ѝ пресуди на Литванија и ќе игра на ЕП 2026

Ракометната репрезентација на Македонија направи се пласира на Европското првенство (ЕП) в…