Младиот фудбалер на Реал Мадрид, Родриго (19) се повреди во натпреварот против Гранада.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Овој 19 годишен фудбалер не можеше да го продолжи мечот откако се фати за бутниот мускул во еден продор и на носилки беше изнесен од теренот.
Резултатите кои стигнаа денес покажаа дека се работи за сериозна повреда. Родриго се здобил со руптура на бутниот мускул на десната нога и според првите информации ќе биде надвор од теренот три месеци.
Ова секако се лоши вести за клубот и за младиот фудбалер кој сезонава добиваше прилика кај Зинедин Зидан.
Бразилецот вкупно одигра 17 натпревари и оствари учинок од еден гол и шест асистенции.