Дома Актуелно АСОМ: Онлајн обложувањето може да се продолжи веднаш, Владата има готово решение

АСОМ: Онлајн обложувањето може да се продолжи веднаш, Владата има готово решение

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) ја поздравува изјавата на Премиерот Заев, дадена за „Економски магазин“ на ТВ Алсат во која тој изразува уверување дека прашањето со он-лајн спортското обложување преку домашните лиценцирани спортски обложувалници, државата ќе го решава наскоро преку законски измени во Законот за игри на среќа и забавните игри.

Сепак, премиерот не прецизира кога тоа е планирано иако АСОМ достави решение кое може да се имплементира веднаш и до нова година проблемот да биде надминат. 


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Конкретно за он-лајн спортското обложување, АСОМ достави до Владата и Министерството за финансии предлог текст за измена на Законот за игрите на среќа и забавните игри за овозможување на континуитет кај приредувањето на интернет игрите на среќа. Со овој предлог-закон на АСОМ за времено продолжување на Уредбата како добро преодно решение ќе се усвои во Собранието во најскоро можно време, уште пред Нова година, како би се овозможил континуитетот, кој е особено важен како превенција во услови на здравствена криза предизвикана од КОВИД-19 и ќе обезбеди дополнителни буџетски приходи.

„Ја поздравуваме заложбата на премиерот и очекуваме да го прифати предлог-законот на АСОМ во однос на времено продолжување на Уредбата како преодно решение за континуитет на он-лајн обложувањето, која би важела до донесувањето на најавениот нов Закон за игри на среќа“ – истакнуваат од АСОМ.

Согласно изјавата на премиерот, државата во јануари ќе излезе со нов предлог Закон и ќе отвори дебата. Асоцијацијата апелира на нивно целосно вклучување во процесот на доуредување на легислативата. 

„Ние како Асоцијација и легитимен претставник на  95% од индустријата на игрите на среќа во обложувалница мораме да бидеме вклучени во креирање на сите законските решенија и сме целосно подготвени да соработуваме со институциите во насока на унапредување на легислативата, развој и одржливост на индустријата. Нема да прифатиме било какви измени и дополнувања во Законот на игрите на среќа и забавните игри кои нема да бидат донесени на транспарентен начин, во тесна соработка со сите чинители и во согласност со европската регулатива“ – велат од АСОМ.

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија е активен чинител во општеството и заедно со своите членки работи одговорно, создава услови за работа и кариера, придонесува во економијата и активно делува на полето на општествената одговорност за поддршка на заедницата.  АСОМ е формирана 2013 година, а членки на асоцијацијата се: Моцарт, Спорт Лајф, Златна Копачка, Евротип и Марбет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Француската легенда за ситуацијата на Мбапе: Неколку фудбалери и Анчелоти не сакаа да дојде во Реал

Килијан Мбапе летово конечно по долги најави се пресели во Реал Мадрид, но на почетокот на…