Дома Фудбал Останато Пујол: Ги разбирам навивачите на Реал, тешко им е да признаат дека Меси е најдобар

Пујол: Ги разбирам навивачите на Реал, тешко им е да признаат дека Меси е најдобар

Легендарниот фудбалер на Барселона, Карлес Пујол смета дека Меси е најдобриот фудбалер кој зачекорил на зелениот терен.

Во разговор за шпанските медиуми Пујол истакна дека едноставно бројките покажуваат дека Меси е најдобар.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Ги разбирам на навивачите на Реал, тешко им е да признаат дека Меси е најдобар. Неговите голови и се што направи е доволен доказ. Бројките никој не ги измислил“, истакна Пујол.

Зборуваше Пујол и за актуелната ситуација во клубот.

„Горд сум кога ќе се сетам што направивме. Убеден сум дека Барселона предводена од Меси ќе продолжи да победува и освојува трофеи. Тој во Барселона ги сруши сите рекорди и не знам дали повторно ќе се појави таков играч. Границата превисоко ја подигна. Ако ме прашувате кој е Мајкл Џордан ќе ви кажам дека е најдобриот кошаркар во историјата, Меси го има тој статус во фудбалот – најдобар на сите времиња“, изјави поранешниот стопер на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Скопје ќе се одржи ММА спектакл!

По пауза од над десет години, боречките спортови повторно добиваат своја голема сцена во М…