Дома Фудбал Останато Крос: Меси не е меѓу најдобрите тројца во светот

Крос: Меси не е меѓу најдобрите тројца во светот

Фудбалерот на Реал Мадрид, Тони Крос, смета дека Лионел Меси не е меѓу најдобрите тројца играчи во светот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Меси заедно со Кристиано Роналдо и Роберт Левандовски се бореше за наградата на ФИФА за најдобар фудбалер за 2020 година, а таа на крајот ја доби Полјакот.

„Левандовски апсолутно ја заслужи наградата и за мене Меси не беше ниту меѓу трите најдобри, зашто мислам дека оваа година не играше на врвно ниво“, вели Крос.

Многумина беа изненадени од тоа што Јирген Клоп ја доби наградата за тренер на годината пред Ханси Флик.

„Двајцата се добри тренери и Клоп имаше фантастична година. На крајот, не е ни важно кој ја доби наградата, двајцата го заслужија тоа“, истакна Крос.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Вака не се станува шампион: Податок кој покажува зошто Арсенал го изгуби финалето во ЛШ

Тимот на Арсенал не успеа, откако ја освои Премиер лигата, да ја освои и Лигата на шампион…