Дома Фудбал Останато „Таа сезона бев подобар од Ди Марија, но сакав да си одам, тој остана и заврши во Реал Мадрид“

„Таа сезона бев подобар од Ди Марија, но сакав да си одам, тој остана и заврши во Реал Мадрид“

Фреди Аду некогаш беше голема надеж во светот на фудбалот, но овој Американец никогаш не ги оправда очекувањата.

За Аду своевремено зборуваа дека ќе биде новиот Пеле и дека ќе биде најдобриот играч во светот, но тој имаше кариера далеку од тоа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Овој фудбалер воодушеви во игрите Ди-Си Јунајтед и Солт Лејк, а потоа во 2007 година потпиша за Бенфика. Меѓутоа во португалскиот клуб се задржа само една сезона, потоа премина во Монако.

Но, после таа сезона се тргна во надолна линија за Аду кој промени голем број клубови. Поле двегодишната пауза неговото име повторно се појави во јавноста затоа што потпиша за шведскиот нисколигаш Остерлен.

Во разговор за медиумите откри дека најголемата грешка ја направил кога одлучил да замине од Бенфика.

„Дојдов во Бенфика истата година како и Ди Марија. Во таа сезона бев многу подобар од него и одлучив да заминам. Ди Марија на крајот остана и подоцна потпиша за Реал, а јас менував клубови по светот. Најмногу се каам што тогаш си заминав од Бенфика“, изјави Аду.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…