Дома Фудбал Роналдињо поминува низ тешки денови

Роналдињо поминува низ тешки денови

Бразилскиот фудбалер неодамна објави дека прележал коронавирус.

Меѓутоа проблемите за легендарниот играч продолжија откако ја напушти изолацијата. Имено, Роналдињо се огласи на Инстаграм и откри дека неговата мајка Мигуелина е позитивна.

Неговата 71 годишна мајка претходно имаше здравствени проблеми поради што беше дел од критичната група. Имаше симптими неколку дена, а тестот на крајот покажа дека и таа е заразена.

Роналдињо преку Инстаграм откри дека неговата мајка е во болница и дека ситуацијата не е добра.

„Мојата мајка е во болница на интезивна нега. Има коронавирус и се бори да се опорави. Молете се за неа и ви благодарам на пораките кои ми ги испраќате“, порача Роналдињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од „промашување“ до легенда: Денот кога Модриќ првпат погоди за Реал

На 3 ноември 2012 година Лука Модриќ го постигна првиот гол за Реал Мадрид. Тоа беше почет…