Дома Македонски спорт Мак фудбал Официјално: Шкупи се засили со младинскиот репрезентативец

Официјално: Шкупи се засили со младинскиот репрезентативец

Денес и официјално Кристијан Трапановски е нов играч на Шкупи.

После епизодата во Чешка и Словачка, Трапановски се врати во Македонија, играше за Академија Пандев, а после само една полусезона се сели во Шкупи.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


„Ја прифатив понудата од Шкупи бидејќи станува збор за добро организиран клуб кој има големи амбиции, да стана шемпион и кој веќе неколку сезони игра во Европа. Импресиониран сум како работат со младите играчи кои добиваат шанса да се докажат, но и овозможуваат трансфери во странство. Ќе ми биде чест и задоволство да играм за еден од најдобрите клубови во Македонија, едвај чекам да дебитирам во сино-белиот дрес“, изјави Трапановски.

Трапановски беше дел од сите младински категории на Македонија, а сега е дел од У21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…