Чиле на пенали ја совлада репрезентацијата на Португалија во полуфиналниот дуел на Купот на конфедерациите, а еден чилеански хирург стана хит на денот токму поради изведувањето на пеналите.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
На интернет кружи видеото снимено во една болница, на кое хирургот, за време на изведување на оперативен зафат, го следеше изведувањето на пеналите. Кога Клаудио Браво одбрани и трет пенал и му донесе финале на Чиле, почна прославата и за време на операцијата.
Не е познато за каква операција станува збор, каде е направена, ниту каков бил исходот (се надеваме завршила во најдобар ред), но Mirror пренесува дека лекарскиот тим кој ја вршел операцијата го очекува истрага.