Дома Фудбал Пике признава: Ќе биде многу тешко против ПСЖ

Пике признава: Ќе биде многу тешко против ПСЖ

Дефанзивецот на Барселона, Жерард Пике продолжува со рехабилитацијата на повредата на коленото и се очекува да се врати на терените во април.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пике нема да може да му помогне на тимот во двомечот со Пари Сент Жермен во ЛШ и признава дека ќе биде многу тешко.

„Ќе биде многу тешко против ПСЖ. Добро го познавам Нејмар. Натпреварите се играат после два месеци и можат да се случат многу работи до тогаш. Најважно е да биде спектакл за фановите“, истакна Пике.

„Јас се чуствувам добро, но треба да почекаме да видиме кога ќе се вратам на терените. Следните месеци ќе видиме колку е стабилно коленото, се надевам дека ќе се вратам што поскоро“, додаде Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aрсенал последните два натпревари ќе ги игра со нов дрес: Еве како ќе изледа (Фото)

Арсенал официјално го претстави новиот домашен дрес за сезоната 2026/2027 година, предизви…