Дома Фудбал Останато „Кралевите“ си гласаа за Зидан, Бејл го игнорираше

„Кралевите“ си гласаа за Зидан, Бејл го игнорираше

Познато е како гласаа фудбалерите на Реал Мадрид во изборот на ФИФА за најдобар тренер за 2020 година.

Капитенот на Реал и на шпанската фудбалска репрезентација, Серхио Рамос и играчот за врска и предводник на Белгија, Еден Азар го ставија Зинедин Зидан на првото место, додека играчот за врска на Реал и капитен на Хрватска, Лука Модриќ, го смести Зидан на второто место, по Ханс-Дитер Флик од Баерн Минхен.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Герет Бејл, кој моментално игра на позајмица во Тотенхем, воопшто не му даде бодови на Зидан.Велшанецот, кој не добиваше доволно минутажа од  Французинот, своите гласови ги даде на Флик, Јирген Клоп (Ливерпул) и Хулен Лопетеги (Севиља).

Зидан не се пласираше помеѓу најдобри тројца во номинацијата за тренер на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лукаку ги прекршил тимските наредби, Наполи подготвува казна?

Искусниот голгетер Ромелу Лукаку, кој поради недоволната физичка подготвеност, нема да бид…