Дома Фудбал Англија Лено: Проблем се фудбалерите, не тренерот

Лено: Проблем се фудбалерите, не тренерот

Голманот на Арсенал, Бернд Лено застана во одбрана на тренерот Микел Артета, и смета дека фудбалерите треба да ја преземат одговорноста за лошите резултати.

Арсенал на катастрофален начин ја започна сезоната во Премиер лигата и во моментов е многу блиску до зоната за испаѓање.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тренерот е последниот кој треба да сноси вина во ваква ситуација. Ако гледате внимателно како се движиме на теренот, ќе забележите дека фудбалерите се единствените виновници за лошите резултати“, смета Лено.

„Нашиот пристап е лош и има голем недостаток на дисциплина. Треба да решиме се што имаме во соблекувална. Постојат многу фактори кои влијаат на лошата серија и многу работи треба да се променат“, додаде голманот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барселона се заинтересира од Нејтан Аке

Раководството на Барселона ја разгледува можноста да го доведе дефанзивецот на Манчестер С…