Манчестер Јунајтед минатиот јануари го направи еден од најголемите и најдобри трансфери во последата деценија кога го донесе Бруно Фернандеш.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Медиумите на Островот тврдат дека „црвените ѓаволи“ нема да бидат активни на трансфер пазарот овој јануари и ќе останат со актуелниот состав.
Планот на раководството е да бидат донесени четири засилувања на лето – централен дефанзивец, десен бек, играч за врска и крилен напаѓач.
Солскјер и директорот Вудворд сакаат во тимот да има двајца врвни фудбалери на секоја позиција.
Клубот од „Олд Трафорд“ ќе има солидна сума за трансфери следното лето, а главна цел повторно ќе биде Џејдон Санчо.