Манчестер Сити синоќа направи голем кикс на Етихад.
Граѓаните освоија само бод (1:1) во натпреварот против ВБА и тимот на Пеп Гвардиола не изгледа никако како шампионски оваа сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Шпанскиот стручњак имаше интересен дуел со четвртиот судија на овој натпревар Ентони Тејлор. Лудуваше покрај аут линијата, а дури се обиде да го спречи Тејлор да покаже колку ќе биде продолжен натпреварот.
Потоа ја објасни причината зошто го направил тоа.
„Го прашав, како четири минути? Имаше шест измени и Жесус лежеше на теренот три минути. Очекував поголемо продолежние.“ – рече Гвардиола.
Pep Guardiola was not happy with the amount of injury time 😬 pic.twitter.com/7K5ci9wUoR
— B/R Football (@brfootball) December 15, 2020
Pep Guardiola's not a fan of the injury-time added on…#PLonPrime #MCIWBA pic.twitter.com/LS8EolrCyx
— Amazon Prime Video Sport (@primevideosport) December 15, 2020
Сити во овие четири минути имаше две големи шанси да дојде до победа, но голманот на ВБА беше на висина на задачата.