Дома Останати Хрватките се хит, ја победија Германија и обезбедија полуфинале

Хрватките се хит, ја победија Германија и обезбедија полуфинале

Хрватските ракометарки се вистинско изненадување на Европското првенство и од аутсајдерки, денес се пласираа во полуфинале.

Денес Хрватките го постигнаа најголемиот успех во својата историја откако ја победија Германија (23:20) и обезбедија пласман во полуфиналето.

Блескаше голманката Теа Пијевиќ со 16 одбрани, додека Ана Дебелиќ постигна шест голови (6/6).

Франција и Норвешка веќе обезбедија полуфинале, а последниот полуфиналист ќе се одлучува од дуелот Данска – Русија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Томовски блескаше за Битигхајм – запиша 16 одбрани против шампионот Магдебург

Мартин Томовски имаше одлична голманска партија, но не успеа да го спречи поразот на Битиг…