Дома Топ вести „Меси треба да ја намали платата, ако остане во Барса“

„Меси треба да ја намали платата, ако остане во Барса“

Платата на Лионел Меси е премногу висока со оглед на финансиската ситуација во клубот, изјави кандидатот за претседател на Барселона, Емили Росад.

Меси сакаше да ја напушти Барселона ова лето и неговиот договор истекува на крајот на сезоната, па може да си замине без обештетување.


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Росад тврди дека сака да го задржи Меси, но Аргентинецот уште во јануари може да преговара со други клубови.

„Во сегашната ситуација платата на Меси е премногу висока.Треба да постигнеме договор со него. Ќе му предложиме атрактивен проект, најважно е да имаме план за спортски развој на клубот. Парите не беа проблем кога Меси изјави дека сака да замине“, истакна Росад.

„Меси ја зема најголемата плата на светот и не сака да си оди бидејќи не е задоволен од платата. Тој сака да игра во конкурентен тим и да освојува трофеи“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид за Мбапе побарал помош од Зидан

Реал Мадрид се соочува со многу проблеми оваа сезона, но најмногу се истакнува ситуацијата…