Дома Фудбал Останато Раиола: Никогаш нема да си простам што го однесов Ибрахимовиќ во МЛС

Раиола: Никогаш нема да си простам што го однесов Ибрахимовиќ во МЛС

Познатиот агент Мино Раиола (53) води грижа за голем број фудбалски ѕвезди, а помеѓу нив е и Златан Ибрахимовиќ.

Раиола вчера беше прогласен за најдобар фудбалски менаџер во 2020 година. За новинарите Раиола зборуваше најмногу за Ибрахимовиќ. Во таа прилика тој истакна дека жали што го убедил Ибрахимовиќ да оди во Лос Анџелес Галакси.


Лондонско дерби во Премиер лига, Миовски против Барса во Ла Лига ↓↓↓


„Никогаш нема да си простам што го однесов Ибрахимовиќ во Лос Анџелес Галакси. Направив голема грешка во неговата и мојата кариера. За него тоа беше губење време, жал ми е што тие две години не играше во Европа“, изјави Раиола.

Златан играше во МЛС лигата за ЛА Галакси од 2018 до 2020 година и на 56 натпревари постигна 52 гола. Во јануари 2020 се врати во Милан на иницијатива на Паоло Малдини и Звонимир Бобан, овој потег на „росонерите“ се покажа како полн погодок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Постигат договор: Менди во Реал до 2027 година!

Реал Мадрид и Ферлан Менди постигнаа договор да ја продолжат соработката до 2027 година, п…