Љубиша Тумбаковиќ повеќе не е селектор на фудбалската репрезентација на Србија, потврди тамошниот Фудбалски сојуз.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Тумбаковиќ не успеа да ги квалификува „орлите“ на Европското првенство, па доби отказ.
ФСС потврди дека името на новиот селектор ќе биде познато до крајот на годината, бидејќи новиот квалификациски циклус за Светското првенство во Катар во 2022 стартува веќе во март.
Фудбалската федерација на Србија од неодамна отворено бараше нов селектор, шпекулациите беа дека имало и понуда за Арсен Венгер но Французинот ја одбил понудата.