Иднината на Пауло Дибала во Јувентус е неизвесна бидејќи Аргентинецот се уште не ставил потпис на нов договор.
Двете страни веќе подолго време се во преговори за продолжување на соработката, а медиумите пренесуваат дека во последно време преговорите не се одвиваат во правилна насока.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Дибала пред два дена ги коментираше шпекулациите и истакна дека неговиот менаџер не бил повикан од страна на Јувентус за да му биде презентирана понуда.
Ова денес го демантираше претседателот на „старата дама“, Андреа Ањели кој истакна дека Аргентинецот има понуда со која ќе стане еден од најплатените фудбалери во Европа.
„Добрата вест е што тој конечно постигна гол. Пауло имаше тежок период откако имаше Ковид. Среќен сум што слушам за неговата љубов кон Јувентус. Љубовта дефинитивно е реципрочна. Ние го гледаме него како иден капитен. Знам дека веќе има добиено понуда за нов договор што ќе го направи меѓу најплатените 20 фудбалери во Европа. Чекаме негов одговор“, изјави Ањели.