Дома Топ вести Баерн „краде“ уште една бундеслигашка ѕвезда

Баерн „краде“ уште една бундеслигашка ѕвезда

Еминентниот весник „Билд“ тврди дека Баерн Минхен се договорил со ѕвездата на Лајпциг, Дајот Упамекано.

Упамекано неодамна го продолжи договорот со Лајпциг, но во него има откупна клаузула која е релативно ниска, и изнесува 42 милиони евра.

Според „Билд“ Баерн се договориле со фудбалерот и на крајот на сезоната ќе ја активираат откупната клаузула.

Упамекано сезонава е еден од најдобрите играчи на Лајпциг и за него интерес покажуваат Реал Мадрид, Ливерпул и клубовите од Манчестер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…