Дома Фудбал Италија Милан во натпревар кој требаше да го добие едвај извлече бод 🎥

Милан во натпревар кој требаше да го добие едвај извлече бод 🎥

Милан во 11. коло од Серија А ремизираше против Парма на „Сан Сиро“ со резултат 2:2.

Навистина е неверојатно како Милан не победи во овој меч, но на крајот „росонерите“ мораа да спасуваат и бод.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Парма до водство дојде преку Хернани кој погоди во 13. минута после одличната асистенција од Жервињо. Милан потоа тргна кон голот на противникот. На Кастиљехо му беше поништен гол, а потоа тимот на Пиоли дури три пати ја погодуваше рамката од голот, Чалханоглу два пати еднаш Диаз.

Второто полувреме го отвори Чалханоглу со нова пречка, а казната стигна брзо. Куртич погоди за 0:2. Милан само две минути подоцна се врати во игра со голот на Тео Ернандез. Во судиското продолжение Ернандез постигна уште еден гол и не дозволи Милан да изгуби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо можеби не се појави на погребот на Жота, но направи еден потег со кој покажал големина!

Иако многумина очекуваа присуство на Роналдо на последниот испраќај, тоа не се случи, што …