Дома Фудбал Англија Ман.Јунајтед – Ман.Сити: Меч за пресврт на сезоната на двата тима

Ман.Јунајтед – Ман.Сити: Меч за пресврт на сезоната на двата тима

Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити ќе ги вкрстат копјата во градското дерби по 183-ти пат. Двата клуба претрпеа разочарувачки старт на сезоната, но во последните неколку недели започнаа да се искачуваат на табелата и ќе останат во близина со водечките екипи со победа на овој натпревар.

Интересно, но по подолго време во овој меч Манчестер Јунајтед ќе влезе од подобра позиција на табелата, од 7-то место со само еден бод повеќе од Сити кој е на 8-то место на табелата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Оле Гунар Солскер направи дабл над Пеп Гвардиола минатата сезона, користејќи две различни формации, но со буквално истиот пристап. Во 3-4-1-2 на „Олд Трафорд“, напаѓачите Ентони Марсијал и Даниел Џејмс делуваа незапирливо и лесно наоѓаа простор по одличните топки на Бруно Фернандес, зад одбраната на Сити.

Во 4-2-3-1 формација на „Етихад“, Маркус Рашфорд и Марсијал комбинираа одлично по левата страна, Марсијал како шпиц и Рашворд како крило. И двајата постигнаа по еден гол за победа од 1:2.

Сега, формацијата 3-4-1-2 е поверојатна за овој меч, но без оглед на формацијата, моделот ќе биде ист – Манчестер Јунајтед ќе биде поставен многу длабоко на својата половина, ќе им дозволи на централните бекови на Сити бесцелно да ја додаваат топката, а потоа ќе чекаат шанси од контра напади зад високата линија на Гвардиола. Изгледа дека ова ќе биде уште една многу тешка задача за Манчестер Сити, со оглед на тоа што нивниот притисок значително се зголеми оваа сезона.

Особено, Фернандес ќе добие време и простор да погледне и да ја одбере вистинската варијанта за долга топка напред. Јунајтед треба да биде во можност да пробие со релативна леснотија против се попасивната екипа на Сити.

Наш предлог:

Двете екипи да постигнат гол @ 1.67 во 1хBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Фабрицио откри пеколен план на Манчестер Јунајтед: Си оди ѕвезда на тимот поради човек кој треба да го „препороди“ клубот

Манчестер Јунајтед се подготвува за нова реконструкција, а Фабрицио Романо носи важни инфо…