Денес ЖФК Љуботен објави голема вест, за овој клуб потпиша Ана Беатриз Тарантино, која носи прекар Роналдиња.
Таа е прва Бразилка која ќе игра во Македонија што е еден вид историски момент за женскиот фудбал во нашата земја. Токму поради тоа „Спортски.мк“ ја контактираше Роналдиња и со неа разговаравме за: Од каде баш Љуботен, знае ли нешто повеќе за женскиот фудбал кај нас, од каде славниот прекар…
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Знаевте ли дека сте прва Бразилка која ќе игра за Македонија? Како се чувствувате поради тоа?
„Искрено, не знаев за тоа. Навистина сум среќна и почестена. Едвај чекам да започне првенството.
Како дојде до трансферот во ЖФК Љуботен?
„Мојот агент дојде кај мене со понудата и проектот на тимот. Она што ми го кажа навистина ми се допадна и ме привлече. Разговаравме и многу брзо постигнавме договор“.
Знаете ли нешто повеќе за Македонија и женскиот фудбал тука?
„Не знам многу за Македенија. На Јутуб пребарував некои женски тимови и гледав видеа. На тој начин го добив првиот впечаток“.
Што очекувате од новиот клуб?
„Верувам дека ќе имаме одлична сезона и ќе бидеме конкурентни и за титулата“.
Од каде прекарот Роналдиња?
„Тој прекар го носам од детството. Кога имав 10 години играв фудбал со момчињата, бев навистина брза и добра во дриблинзите. Така пријателите ми го избраа прекарот и не ми пречи воопшто“.