Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола смета дека нема потреба да застане во одбрана на својот колега од Јунајтед, Оле Гунар Солскјер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Солскјер мометално се наоѓа под голем притисок и критики поради лошите резултати и елиминацијата од Лигата на шампиони.
Гвардиола смета дека Солскјер е доволно силен да се справи со ситуацијата и потецира дека поради тоа земаат толку високи плати за да се носат со критиките.
„Затоа добиваме толку големи плати. Важно е да се знае дека Солскјер е голем менаџер, во тоа нема сомнеж. Тој нема потреба од мојата поддршка, бидејќи е доволно силен. Знае какви се правилата во оваа игра, кога победуваш си – гениј, кога губиш треба си пред отказ“, изјави Гвардиола пред утрешното дерби.