Дома Фудбал Агентот на Тонали откри како Милан го „украл“ пред ривалите

Агентот на Тонали откри како Милан го „украл“ пред ривалите

Младиот играч за врска Сандро Тонали ова лето беше мета на најголемите италијански клубови, и на крајот заврши во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Неговиот менаџер, Бепе Боцо потврди дека Тонали бил многу блиску до трансфер во Интер и Јувентус, но Милан успеал да го „украде“ во последен момент.

„Преговорите не беа лесни. Кога Сандро разбра за понудата на Милан не сакаше да слушне за друг клуб. Најтешко беше да го убедиме Челино дека Сандро сака само во Милан. На крајот беше исполнета желбата на играчот“, открива агентот.

„Вистина е дека Јувентус и Интер во еден момент беа блиску до комплетирање на трансферот. Меѓутоа, Тонали е фан на Милан, а Малдини се покажа како исклучително добар директор. Очекувам во следните години Сандро да стане главен играч на Милан“, додаде агентот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдо го игра „последниот танц“ на Мундијалите

Португалската фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо потврди дека актуелното Светско првенств…