Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш беше избран за „Играч на месец ноември“ во Премиер лигата.
Ова е трета ваква награда за Португалецот од неговото доаѓање на „Олд Трафорд“ во јануари. Минатиот месец Фернандеш постигна четири гола на 4 меча во првенството.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фернандеш е првиот играч од 2017 година кој добива три месечни награди во рамките на една календарска година. Последно тоа му успеа на Хари Кејн.
„Тешко е да освоиш дури една ваква награда, па поради тоа јас сум исклучително горд што имам три. Ќе бидам среќен ако ја освоиме Премиер лигата, а мислам дека имаме шанси да го направиме тоа“, изјави Португалецот.
Introducing your @EASPORTSFIFA Player of the Month for November…
— Premier League (@premierleague) December 11, 2020
✨ @B_Fernandes8 ✨#PLAwards pic.twitter.com/0JgM33blYu