Дома Топ вести Трампа која ќе предизвика „земјотрес“ на Апенините

Трампа која ќе предизвика „земјотрес“ на Апенините

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен пристигна во Интер како големо засилување, но се помалку добива минутажа кај Антонио Конте.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Ериксен е во втор план кај Конте, па најверојатно ќе го напушти Интер во зимскиот преоден рок, а „нероаѕурите“ се спремни да го пуштат за да се ослободат од неговата висока плата.

Најсилен интерес за Ериксен покажува Јувентус, бидејќи Пирло смета дека Данецот идеално би се вклопил во неговата формација.

Таквата ситуација сака да ја искористи Интер, кој му нуди трампа на големиот ривал, така што да го добие потписот на Кулушевски.

Кулушевски беше мета на Интер и минатата година, но тој се одлучи да се пресели во Јувентус.

„Нероаѕурите“ се спремни во трампата да доплатат и додатни 10 милиони евра, па останува да видиме каков ќе биде одговорот на „старата дама“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…