Дома Фудбал Претседателот на ПСЖ: Преговараме со Мбапе и Нејмар

Претседателот на ПСЖ: Преговараме со Мбапе и Нејмар

Претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи ги израдува фановите на клубот и потврди дека преговараат за продолжување на договорите на најголемите ѕвезди.

Договорите на Килијан Мбапе и Нејмар истекуваат во 2022 година, па нивната иднината на „Паркот на принцовите“ е неизвесна.

Клубот сака да ги задржи во Париз и веќе почнале преговори со двајцата за продолжување на соработката.

„Не се во тек само преговорите со Мбапе. Исто така почнавме да преговараме за продолжување на престојот и со Нејмар. Почнавме да преговараме со Мбапе и Нејмар“.

„Преговорите се доверливи и се водат одделно за секој играч, но ние имаме голема верба дека се ќе завршиме како што сакаме. Двајцата сакаат да останат со нас“, истакна Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета сака Хаверц да остане: За новиот договор му верува на Берта

Каи Хаверц има договор со Арсенал до 2028 година, а Микел Артета вели дека прашањето за пр…