Македонскиот капитен Горан Пандев бил жртва на урнебесна италијанска скриена камера на телевизијата „Медијасет“.
Во „местенката“ за Пандев учествувал капитенот на Џенова Доменико Кришито и агентот на Пандев Леонардо Корси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, додека седат и се дружат во едно кафуле Корси му се јавува на Пандев и му кажува дека клубот решил да го продаде во Индија. На почетокот Пандев беше убеден дека е шега, но како што работата одминуваше и Корси му кажуваше детали изгледаше сериозно.
Корси му кажува на Пандев дека ќе заработи 72.000 евра во секоја од трите сезони плус 10 како бонуси ако се остварат одредени резултати. Во тој момент Пандев реагира и помеѓу другото коментира.
„Каков Ченаијин (клубот за кој му кажуваат дека е продаден), каква Индија! Попрво ќе си пукам во уста“, коментира Пандев.
За се да биде поинтересно се појавуваат и тифозите на Џенова со транспарент на кој пишува: Пандев предавник! Тие се собираат и скандираат пред куќата во која се наоѓа Пандев.
Целата скриена камера погледнете ја на овој – линк.