Дома Фудбал Останато Евра: Друго ќе беше ако Жиру се викаше Жирудињо

Евра: Друго ќе беше ако Жиру се викаше Жирудињо

Поранешниот француски репрезентативец, Патрис Евра го пофали неговиот сонародник од Челзи, Оливие Жиру.

Жиру во последно време игра одличен фудбал и влезе во супер голгетерска форма. Французинот посебно блесна против Севиља кога ги постигна сите четири гола за Челзи во победата од 4:0. Во тој дуел Жиру стана најстариот играч кој постигнал хет-трик во најелитното европско натпреварување. Голгетерската форма ја задржа и за викендот во кој стралаше против Лидс, натпревар кој Челзи го доби со 3:1.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога ќе се видат поседните четири натпревари, Жиру постигна шест гола. Важно е да се каже и дека сезонава ниту еднаш не играше 90 минути, на два пати Лампард му даде само по пет минути, против Тотенхем играше 12, против Барнли 14, а на седум меча беше на клупата.

„Проблемот на Жиру е неговото име. Ако се викаше Жирудињо тогаш ќе беше друго и повеќе ќе го ценеа. Не разбирам зошто Лампард не го игра повеќе, за мене тој е најдобриот напаѓач на Челзи.  Најмногу кај него ми се допаѓа што се бори со предизвиците, не потклекнува и не се откажува. Кога јас би бил тренер, Жиру кај мене постојано би играл“, изјави Евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Сандро Тонали доби нова суспензија

Италијанскиот репрезентативец Сандро Тонали доби дополнителна суспензија од два месеци сег…