Oвие денови многу се пишува за тоа кој би можел да биде новиот селектор на Србија.
Се пишуваше дека Србите селекторското место му го понудиле на Арсен Венгер, а сега спрски „Курир“ објави дека нова опција е поранешниот селектор на Франција, Рајмонд Доменек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Доменек ја водеше репрезентацијата на Франција од 2004 до 2010 година, а најголемиот успех го направи во 2006 година кога со оваа селекција стигна до финалето на СП. Франција во тоа финале беше поразена од Итаија на пенали.
Дека нешто веројатно се случува покажува и изјавата на Доменек во која зборува дека Србија има потенцијал и дека заслужува подобро место.