Дома Трансфер зона Челзи ги започна преговорите со Алаба

Челзи ги започна преговорите со Алаба

Раководството на Челзи веќе ги започна преговорите со ѕвездата на Баерн Минхен, Давид Алаба.

Англискиот клуб наскоро ќе има нова средба со агентите на Алаба и веруваат дека брзо ќе постигнат договор и играчот ќе потпише преддоговор во јануари, а ќе пристигна на „Стенфорд Бриџ“ следното лето.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Агентот на Алаба, Пини Захави има одлични односи со соптвеникот на Челзи, Роман Абрамович. Поради тоа „сините“ се сметаат како фаворити за неговиот потпис во моментов.

Алаба влезе во последната година од договорот со Баерн и неодамна двете страни ги прекинаа преговорите за продолжување на соработката.

За Алаба интерес покажуваат многу европски гиганти, но Челзи наводно испратил најдобра финансиска понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…