Играчот за врска на Салцбург, Доминик Собослај е еден од најбараните фудбалери на трансфер пазарот во моментов.
20-годишниот унгарски репрезентативец важи за еден од најголемите таленти во Европа и може да игра на сите позиции во средниот ред, па веќе неколку клубови ја започнаа трката за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Многу европски гиганти се борат за неговиот потпис, како Милан, Арсенал, Реал Мадрид, Јувентус и Баерн Минхен.
Собослај има договор со Салцбург до 2025 година и откупна клаузула од 25 милиони евра, сума која нема да биде проблем за споменатите клубови.
Меѓутоа, последните информации од Германија говорат дека Лајпциг е во пол-позиција за неговиот потпис. Двата клуба имаат ист спонзор „Ред Бул“ и наводно веќе го договориле трансферот за јануари.