Тотенхем вчера во 5. коло од Лига Европа одигра 3:3 против ЛАСК, но и тоа му беше доволно за да го обезбеди пласманот во следната фаза.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Првиот гол за Спарсите го постигна Герет Бејл од пенал во 45. минута. Тотенхем потоа два пати водеше, но остана без победа после голот на Карамоко во судиското продолжение. За Бејл тоа беше јубилеен 200. гол во кариерата, сметајќи ги клупските и репрезентативните.
Интересно е што за Бејл ова беше прв гол во Европа на гости за Тотенхем после цели 10 години. Последен пат гол на гости постигна кога Тотенхем изгуби од Интер 4:3. Во тој меч Бејл запиша хет-трик.