Дома Фудбал Нема крај на проблемите за Јувентус во одбраната: Се повреди Демирал

Нема крај на проблемите за Јувентус во одбраната: Се повреди Демирал

Само што се опорави турскиот дефанзивец го повреди бутниот мускул во вчерашниот меч против Динамо.

Тимот на Јувентус констатно има проблеми со повреди во последната линија. Од четири стопери колку што има на располагање Андреа Пирло не можеше да смета на сите барем во еден дел од првенството. Токму ога изгледаше дека ќе ги има сите на располагање Пирло остана без Мерих Демирал.

„После повредата на бутниот мускул добиена во вчерашниот меч на Мерих Демирал му беа направени тестови во нашиот медицински центар. Тестовите покажаа повреда на десниот бутен мускул. Неговата ситуација ќе биде проверена повторно за десет дена“, стои во соопштението од Јувентус.

Во наредните 10 дена во кои Јувентус сигурно нема да смета на Демирал ќе игра против Торино во сабота, па против Барса во ЛШ за првото место во групата и ќе гостува кај Џенова.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ОФИ Крит со два гола го урна Хапоел Беер во Лига Европа

Пунгурас погоди пред паузата, а Фунтас ја потврди победата од 2-0 за ОФИ Крит, иако Хапоел…