Легендарниот Германец Бернд Шустер беше играч на Реал и Барса, а во Каталонија ја делеше соблекувалната со Марадона.
Во разговор за шпансиот „Ел Трансистор“ големиот Германец истакна дека падот на Марадона почнал во Барселона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Го избркаа, го прогонуваа, не му дозволија да диши. Беше тоа грешка на градот, клубот, на сите нас. Не знаевме како да се грижиме за него. Место Барселона да го заштити го уништи“, изјави поранешниот тренер на Реал кој додаде и дека со Диего бил цимер.
„Јас сум класичен германски спортист. Рано одев во кревет и рано станував. Диего не беше таков“, порача Шустер.
📻 💬 Bernd Schuster (ex-Barça) on @ElTransistorOC "We did not know how to take advantage of Maradona at Barcelona. He was an indisputable leader on the field and we did not know how to take advantage of him, we left him alone in the field." #RIPMaradona pic.twitter.com/Uv401AOJ7j
— ❿ FCBarcelonaFl 🏆 (@FCBarcelonaFl) November 26, 2020