Дома Македонски спорт Трајковски: Македонија ќе биде изненадување на ЕП

Трајковски: Македонија ќе биде изненадување на ЕП

Mинатиот месец фудбалската репрезентација на Македонија испиша историја со пласманот на Европското првенство кое ќе се игра наредното лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Македонија во Тблиси ја победи Грузија со голот на капитенот Горан Пандев. На ваков успех фудбалската јавност во земјава чекаше цели 26 години од првиот натпревар во Крањ. Напаѓачот Александар Трајковски смета дека Македонија има квалитет да биде изненадување на ЕП.

„Ние сме репрезентација која има квалитет и затоа верувам дека ќе бидеме пријатно изненадување на Европското првенство. Чувството е неверојатно, сон на секој фудбалер е да биде дел од едно такво големо натпреварување. Среќен сум што сум дел од генерацијата која за првпат ја одведе Македонија на ЕП. Го направивме нашиот народ среќен и горд сум на тоа“, изјави Трајковски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Роналдо не се најде тука: Ова е тимот кој најмногу разочара на Мундијалот

Светското првенство секогаш носи незаборавни моменти, но истовремено носи и разочарувања. …