Дома Фудбал Тимот се бори за важен бод, а на играчите поважни им беа – телефоните! 📸

Тимот се бори за важен бод, а на играчите поважни им беа – телефоните! 📸

Џенова вчера на свој терен беше поразена од Парма со 2:1.

Тимот на Џенова доживеа пораз од екипата која ја предводеше искусниот Жервињо со два погодоци.

Меѓутоа повеќе болна за фановите на Џенова од поразот е фотографијата која настана на пет минути пред крајот на натпреварот.

Додека домаќините се бореа да дојдат до изедначување и бод кој би значел многу во борбата за опстанокот играчите на овој тим Мицовчи, Малеш и Асор си гледаа во своите мобилни телефони и очигледно некои други работи во тој момент им беа поважни.

 На фотографијата изгледаат како да им е сеедно што нивната екипа ќе направи на теренот. Ова е само доказ дека ниту, фудбалот, ниту луѓето веќе не се како некогаш…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Торонто без плејоф, Филаделфија со јасна цел: победа за директен пласман

Торонто ги загуби шансите за плејофот, но неговото гостување има големо значење за Филадел…